Денес во нашиот главен град беше прославен 60-тиот роденден на легендарниот деминутивен британски автомобил – малиот MINI!
Посетителите на настанот имаа можност да уживаат како во постари, така и понови автомобили на овој легендарен бренд, а дури ни високите температури не ги обесхрабрија минувачите. Настанот го поддржаа и членовите на Буба Клуб Македонија, но сепак главниот збор го имаа сопствениците и љубителите на MINI.
На MINI му го честитаме роденденот, на клубот му посакуваме уште многу дружење и многу членови, а во галеријата погледнете како изгледаше денешниот настан.