Во согласност со новата методологија за пресметка на цените, од вечерва на полноќ се намалуваат малопродажните цени на бензините и дизелот.
Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите максимални цени. Малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 2.20%.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 1.5 денари, и еден литар „95-ка“ ќе чини 69.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 1 денар, и еден литар од ова гориво ќе чини 72.00 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 1.5 денари, и од вечерва на полноќ еден литар дизел ќе чини 62.50 денари.
Новите, пониски цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат една седмица.