Деновиве во Скопје ќе биде Freedom To Move караванот на Volvo – каде ќе можете одблиску да ги погледнете, да ги запознаете, па и да ги повозите моделите на Volvo.
За прв пат во Македонија, шведскиот бренд ќе се претстави со специјално дизајниран Pop Up Showroom – мини салон кој ќе биде поставен на платото пред Skopje City Mall (од страната на Play Cafe), во кој ќе биде изложен најпродаваниот модел во моментот: Volvo XC40, a за посетителите и потенцијалните клиенти во текот на сите три дена ќе бидат достапни за тест возење сите модели на Volvo Cars кои се достапни на пазарот и тоа во сите изведби.
Сите посетители можат да закажат тест-возење и на лице место, но во секој момент можат да закажат и онлајн преку страницата: https://www.volvocars.com/mk/freedom-to-move каде можат да се најдат и сите дополнителни информации за Freedom to Move кампањата.
Во оваа прилика, за првпат ќе имате можност да се запознаете со новите модели на Volvo: S60 и V60 CC кои ќе бидат во продажба во нашата земја веќе од следната недела.
Тест флотата вклучува:
- V40 D2 Inscription
- XC40 D3 A Momentum
- XC40 T3 Intro
- XC60 D4 A AWD Momentum
- S90 D3 A Business
- S90 D4 A R-Design
- S60 T5 A R-Design
- V60 CC D4 A Momentum
- V60 D3 A Momentum
- XC90 D5 A AWD Inscription