Макпетрол повторно објави сопствени цени на горивата – кои во однос на цените објавени минатата недела се нијанса повисоки.
Според Макпетрол, поскапувањето на горивата е поради зголемувањето на цената на нафтените деривати на светските берзи. Новите цени – кои ќе стапат на сила вечерва на полноќ – се следните:
- Ultra 95+ Economy ќе се продава по цена од 72,00 денари за литар;
- Ultra 100 Race Pro ќе се продава по цена од 74,00 денари за литар;
- Ultra Diesel Green Power ќе се продава по цена од 66,00 денари за литар;
- Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 67,00 денари за литар;
Во однос на цените од минатата седмица, цените на бензините се зголемуваат за по еден денар, додека цените на дизелите за по два денари.