Alfa Romeo ја слави врската со Mille Miglia со специјална Giulia Quadrifoglio – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alfa Romeo ја слави врската со Mille Miglia со специјална Giulia Quadrifoglio

Mille Miglia е легендарен настан, а Alfa Romeo ја слави својата долгогодишна врска со ова рели со специјална изведба на Giulia Quadrifoglio.

Овој уникатен примерок е офарбан во боја која од Alfa Romeo ја нарекуваат Ochre. Супер-сјајната злајна боја му дава навистина несекојдневен лик на спортскиот седан, а од Alfa Romeo кажуваат дека бојата е замислен да му даде на спортскиот седан изглед кој ќе наликува на некои од мотелите од 1960-тите и 1970-тите години. Сепак, од Alfa Romeo кажуваат дека оваа боја нема да се понуди во сериско производство и дека е направена ексклузивно за Mille Miglia настанот.

Патем, автомобили на Alfa Romeo на овогодинешното издание на Mille Miglia стигнаа на првата и втората позиција. По 1794.07 извозени километри, на првото место пристигнаа Giovanni Moceri и Daniele Bonetti во 6C 1500 SS од 1928-мата година, а второто место отиде кај Andrea Vesco и Andrea Guerini во 6C 1750 SS Zagato од 1929-тата година.

Им честитаме на победниците, а на дизајнерите на Alfa Romeo им се восхитуваме на храброста – златната Giulia Quadrifoglio навистина изгледа одлично!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.