Новиот Volkswagen Golf ќе има 48-волтен лајт-хибриден систем – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Volkswagen Golf ќе има 48-волтен лајт-хибриден систем

Volkswagen се подготвува да ја претстави најновата, осма генерација на Golf и внимателно открива детали за автомобилот по кој е именувана цела една класа на автомобили.

Новиот Golf ќе добие иновативен 48-волтен лајт-хибриден систем кој комбинира 48-волтен стартер-генератор, како и 48-волтна литиум-јонска батерија. Стартер-генераторот има интегриран електромотор кој од една страна може да се користи за рекуперација на енергија при сопирање, односно да даде дополнителна моќност при забрзување и слични ситуации.

Во моменти кога е во режим на рекуперација, системот всушност конвертира кинетичка енергија во електрична и ја скларида во литиум-јонска батерија поставена под совозачкото седиште. Оваа енергија ќе може да се користи како дополнителна моќност при забрзување. Уште еден новитет е начинот на кој хибридниот систем го гаси бензинскиот мотор – тоа се случува веднаш штом возачот ќе ја отпушти педалата за гас. Инженерите на Volkswagen кажуваат дека моторот се вклучува и исклучува без никакво каснење, и дека процесот има минимални, односно скроо никакви вибрации.

Од Volkswagen кажуваат дека системот ќе се нуди на 1.0 и 1.5 литарските TSI Evo мотори во комбинација со DSG менувач со двојна спојка, и дека понатаму ќе се прошири неговата имплементација како на други мотори, така и на други модели.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.