По долготрајното најавување преку светските медиуми, конечно го гледаме и Peugeot 208 кај нас!
Малиот Французин кој е наследник на легендарните и успешни Peugeot 206 и 207 конечно е достапен и во Македонија. Денес ни беше претставен моделот кој ќе биде достапен со три нивоа на опременост – и тоа Access, Affair и Allure, а веќе од најосновното ниво на опрема Peugeot 208 доаѓа со многу ситници кои живот значат, но и безбендосни системи кои можат да ви го спасат животот. Досега ни беа прикажани неколку верзии на 208, но денес конечно и ние ја имавме шансата да го видиме!
Дизајнот е токму онаков каков би очекувале од Peugeot – типично Француски – различен и привлечен, со нагласена доза на младост во дизајнот. Сигурни сме дека ќе биде хит кај младата популација, кон која што е и завртен 208.
Погледнете неколку фотографии од презентацијата, но погледнете го и одличното видео од презентацијата која на 208 која ја видеа Скопјани овој викенд!