Премиера на Citroën DS5 во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера на Citroën DS5 во Македонија!

Пред само неколку минути, моментално најголемиот претставник на DS-линијата на Citroën ја имаше својата премиера во Македонија!

Големиот Citroën изгледа упадливо и привлечно, а истовремено нуди сосема поинаква филозофија за тоа што и како треба да нуди еден луксузен автомобил. Филозофијата на луксузот кај DS5 е исклучително Француска, а тоа се гледа по неговиот дизајн, карактер но и технологиите кои ги носи.

Во понудата ќе се најдат исклучително чисти и економични бензински и дизел мотори, но најпривлечен е Hybrid4 моделот, кој има турбо-дизелски агрегат со 160 коњски сили, но и електромотор кој му дава дополнителна сила. Така, вкупната моќност е 200 коњски сили, но со исклучително ниска емисија на штетни гасови од само 99 грама CO2 на изминат километар.

Дополнување: Познати се и цените на DS5 – а тие започнуваат од 29.900 евра за e-HDI 110 со Chic ниво на опрема, па одат се до 55.000 евра за Sport Chic со Hybrid4 Airdream погон. Бензинецот со 200 коњски сили и Sport Chic опрема чини 40.000 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.