Големиот Toyota Camry пристигна и кај нас! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Големиот Toyota Camry пристигна и кај нас!

Големиот седан е еден од најпродаваните модели на Toyota – и од денес Camry е веќе достапен и во салонот на Toyota во Скопје!

Camry е вистински глобален модел – и воедно еден од најпродаваните модели на Toyota. Од денес, големиот (и хибриден) Toyota Camry е достапен и во салонот во Скопје.

Судејќи по димензиите, Camry „навлегува“ во некоја меѓу-класа меѓу традиционалните Д и Е сегменти. Сепак, модерниот дизајн и хибридната технологија го издвојуваат од директните конкуренти. Се нуди со хибриден погон кој комбинира 2.5-литарски 4-цилиндерски атмосферски бензинец кој работи на Аткинсонов циклус и електромотор. Вкупната, системска моќност е 218 коњски сили – всушност, ова е истиот хибриден погон со кој беше опремен луксузниот Lexus ES300h кој неодамна го возевме.

Сега за сега, погледнете ги фотографиите. За повеќе информации околу цената обратете се во салонот на Toyota Авто Центар, а наскоро очекувајте го и нашиот тест на големиот јапонски хибриден седан.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.