Mercedes-Benz ја прекинува продажбата на Smart во САД и Канада – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz ја прекинува продажбата на Smart во САД и Канада

Цитирајќи намален интерес за сегментот на микро-автомобили на овие пазари, Mercedes-Benz објави дека ќе престане да ги продава возилата на Smart во Америка и Канада.

Продажбата на Smart во САД е падната за цели 57 проценти во 2018, во однос на претходната година. Инаку, во САД, Smart е целосно електричен од моделската година 2018. Во Европа сè уште се нудат со бензински мотори, но се очекува тоа наскоро да се промени.

Германскиот луксузен бренд ќе продолжи да им нуди поддршка на постоечките сопственици на Smart возила преку постоечки дилери и официјални сервиси на Mercedes-Benz кои ќе бидат специјално авторизирани да работат на малите автомобили.

Ова е интересна одлука на Mercedes-Benz, но не и неочекувана. Американците никогаш не го „разбраа“ Smart – како што во суштина никогаш не разбраа мали автомобили. Сепак, Mercedes-Benz не се откажува од продавање на електрични автомобили во САД – кросоверот EQC ќе се продава во САД од следната година, како дел од „инвазијата“ која Mercedes-Benz ја подготвува со 10 целосно-електрични EQ автомобили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.