Македонска премиера на новата BMW Серија 3 – BMW ќе соработува со Влатко Стефановски! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Македонска премиера на новата BMW Серија 3 – BMW ќе соработува со Влатко Стефановски!

Македонскиот импортер за возилата на BMW и MINI денес и официјално ја претстави новата Серија 3 на нашиот пазар – и ја најави соработката со музичарот Влатко Стефановски!

BMW Серија 3 е навистина важен модел – сепак, токму „Тројката“ ги постави стандардите за тоа што и како треба да нуди еден спортски седан. Новата Тројка покрај целосно-новиот дизајн, носи и многу новитети во форма на нови и освежени мотори и многу нови технологии. Ние веќе имавме можност да ја возиме новата BMW Серија 3 уште минатата година на глобалното лансирање на моделот во Португалија, и впечатоците кои ги остава спортскиот седан се навистина моќни.

Интересен новитет е соработката меѓу BMW и музичарот Влатко Стефановски, кој од неодамна е и клиент на баварскиот бренд. Имено, сите многу добро го познаваме оној специфичниот „аудио потпис“ на рекламите на BMW – и токму Влатко остави свој печат на кампањите кои ќе се случуваат во Македонија. Погледнете (и слушнете) како тоа изгледа и звучи.

Во меѓувреме, погледнете го нашето ексклузивно видео од неодамнешното пристигнување на новата Тројка во Македонија, пред таа воопшто да биде претставена пред јавноста.

Почетните модели од понудата се бензинските 320i и 330i, или дизелските 318d, 320d, 320dx, 330d. Oд средина на месец Јули, се очекуваат и M340i xDrive и 330e plug-in hybrid (ултраспортска BMW M Performance верзија и особено ефикасен модел со plug-in хибриден погонски систем). Продажбата е веќе започната и цените за новата BMW Серија 3 во Македонија започнуваат од 38.900 Евра, а за повеќе информации посетете го салонот на BMW во Скопје!

Поврзано:  ПРВО ВОЗЕЊЕ: BMW Серија 1 M135 (и 120): Нова генерација на ултимативниот хот хеч



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.