Се појави првото кратко видео од идната сезона на Top Gear, која доаѓа ова лето со два нови водители покрај одличниот Крис Харис.
Иако тукушто заврши тековната сезона на Top Gear, веќе пристигна најавата за следната сезона каде Мат Ле Бланк и Рори Рид ќе бидат заменети со Фреди Флинтоф и Педи МекГинис. Во краткото видео гледаме исечок од една од епизодите во која ќе биде даден предизвик да се најде ултимативниот користен фамилијарен автомобил, а еден од предлозите ќе биде поранешно погребно возило.
Погледнете го видеото и уживајте!