Новата Mazda CX-30 е најновиот производ на Јапонскиот бренд, a e димензионирана помеѓу CX-3 и CX-5.
Компактниот кросовер присвојува најмногу дизајнерски елементи од Mazda 3, но доаѓа со поиздигнато задно ветробранско стакло, трет страничен прозорец и пошироки задни светла покрај пластичните додатоци за “кросоверизирање” на автомобилот.
Што се однесува до ентериерот, тој изгледа речиси идентично со оној на Mazda 3. Дизајниран е во спортски дух со елементите наклонети кон возачот, а мултимедијалниот екран е интегриран во горниот дел на централната конзола.
Генералната замисла за моделот е да ги комбинира урбаната големина на CX-3 со практичноста на поголемиот CX-5. Според димензиите, CX-30 е директен конкурент на Peugeot 3008 и Skoda Caroq, a во споредба со Mazda 3 има за 25mm поголемо растојание од подлогата, како и 135 литри поголем багажен простор.
Погонските единици се од најновата генерација на Skyactive агрегатите, вклучувајќи го и Skyactiv-X. Не се објавени детали, но очекуваме CX-30 да ги добие истите мотори како Mazda 3, а тоа се 1.5, 2.0 и 2.5-литарските бензински агрегати, како и 1.8-литарски дизел мотор. Како опција се очекува да биде понуден и ситем за погон на сите тркала.