Citroën подготвува нов „Урбан Концепт“ за Женева – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroën подготвува нов „Урбан Концепт“ за Женева

Францускиот бренд на Саемот на Автомобили во Женева ќе претстави нов концепт-автомобил за кој кажуваат дека е „визија за урбаната мобилност.“

Овој концепт е особено важен за Citroën – не само што ќе ни најави што планира францускиот бренд за во иднина, туку е и дел од прославата по повод 100-годишнината на брендот. Концептот го најави претседателот на брендот – Linda Jackson – на кратко видео и според неа, концептот е „визија за урбаната мобилност“.

Сега за сега немаме никакви конкретни податоци, но бидејќи се работи за урбан автомобил очекуваме тој да користи некаков електричен погон. Citroën веќе го понуди несекојдневниот електричен e-Mehari кој има градска автономија од околу 200 километри – а тоа јасно кажува дека брендот е сериозен околу електрификацијата.

Дополинтелно, Citroën планира да покаже уште еден концепт во Мај, на VivaTech настанот. За овој концепт кажуваат дека ќе биде директно насочен кон комфорот кој еден автомобил може да го понуди. Со оглед на успесите кои Citroën ги постигнува на ова поле – за што можевме да се увериме и на нашето запознавање со новиот C5 Aircross – очекуваме нешто навистина интересно.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.