Со најновата генерација на 911, Porsche воведе нов режим на работа на спортскиот автомобил кој го нарекувa Wet Mode – што всушност значи тоа?
Новиот систем всушност има прилично важна задача – треба да ја подбори стабилноста на автомобилот на покри подлоги. Мислите дека тоа е едноставно? Па не баш.
Системот користи акустични сензори во предните поткрила за да препознае вода. Во тие услови го рекалибрира PSM (Porsche Stability Management) системот и контролата на тракцијата за тие да реагираат порано и „понежно“ од обично. Дополнително, системот го советува возачот самиот да префрли во Wet Mode преку прекинувач поставен на воланот.
Кога Wet Mode е активиран, автомобилот прави сè што може да ги намали можностите за аквапланинг. Сигурно знаете што е аквапланинг – оној момент кога ќе „налетате“ на стоечка вода и вашиот автомобил поради брзината „лебди“ над водата. За да го постигне тоа, предните отвори за вентилација остануваат отворени а задниот спојлер е подигнат на неговиот максимум, со цел да се подобри аеродинамичната рамнотежа. Истовремено, вртежниот момент се „израмнува“ за да нема нагло пренесување на силата, а 8-брзинскиот автоматски менувач го адаптира начинот на менување на брзините. Доколку автомобилот е со погон на сите четири тркала, уште еден дел од силата се префрла кон предните тркала.
Според Porsche, сето ова резултира со многу повеќе доверба во автомобилот во вакви услови. Сето ова се постигнува без да се направи било какво ограничување на максималната моќност на спортското купе, ниту пак максималната брзина. Wet Mode функционалноста ќе биде дел од стандардната опрема кај сите нови 911-ки.