Prior Design му посветиле навистина многу внимание на Mercedes CL, а резултатот од тоа е Widebody V2!
Иако нема некои значителни механички измени, сепак поважни се естетските измени на големото купе на Mercedes. Целосно изменетата и проширена каросерија изгледа навистина агресивно, а големите тркала само ја надополнуваат сликата за спортскиот дух на овој автомобил.
Покрај недостатокот на механички измени, нам сепак ни се допаѓа како изгледа овој голем бодикит. Според најавите, цената на комплетниот сет додатоци е околу 13.000 евра.