По неколкукратно намалување на цените на горивата, денес за прв пат тие се зголемуваат – бензините за 2.50 денари, дизелот за 3.50 денари.
Во согласност со методологијата за пресметка на цените која ја користи Регулаторната Комисија за Енергетика, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 7.41 проценти.
Односно, цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 2.50 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 61.00 односно 63.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 3.50 денари и еден литар дизел ќе чини 58.50 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.