Porsche го прикажа прототипот на хибридниот 918 Spyder! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche го прикажа прототипот на хибридниот 918 Spyder!

Веќе подолго време ја чекаме сериската верзија на Porsche 918 Spyder и Германците конечно решија да откријат повеќе информации за напредниот супер-автомобил!

Она што до сега го знаеме е дека Porsche 918 Spyder може да се пофали со повеќе од 770 коњски сили! Комбинацијата на V8 бензински агрегат со зафатнина од над 4000 кубни сантиметри и моќност од над 500 коњски сили, но и два електромотори кои не само што ќе го прават овој автомобил навистина брз, туку и навистина економичен.

Се претпоставува дека 918 Spyder ќе го придвижува 4.6 литарски V8, кој би требало да нуди 570 коњски сили, како и два електромотори поставени на предната и задната оска. Предниот електромотор дава дополнителни 109 коњски сили а задниот 122 коњски сили. Ова се само претпоставки на тие кои се подобро запознаени со моделот, бидејќи официјални информации од Porsche сеуште нема.

Но она што е навистина интересно е податокот дека потрошувачката на 918 Spyder ќе изнесува неверојатни 3 литри на 100 изминати километри, но и дека автомобилот ќе може да помине и до 25 километри само на електричен погон, но доколку е потребно ќе забрза до 100 километри на час за помалку од 3 секунди и ќе продолжи да забрзува до над 325 километри на час!

Секако, тука мораме да зборуваме и за цената – а таа воопшто не е ниска. Porsche најавува дека 918 Spyder во Европа ќе чини 645.000 евра! Во меѓувреме, погледнете го видеото кое се појави заедно со концептот минатата година, и погледнете ги новите фотографии.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.