JE Designs подготвија SEAT Ateca наменета за секаков терен – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

JE Designs подготвија SEAT Ateca наменета за секаков терен

Тјунерите од JE Design подготвија нешто несекојдневно за популарната SEAT Ateca – а тоа е All-Terrain пакет кој го оспособува шпанскиот SUV да совлада многу поекстремни терени.

Доработената Ateca добива нови 16-инчни тркала обвиени во 215/65-16 пневматици од BF Goodrich, како и 40-милиметарски дистанцери, но и суспензија која е повисока за 20 милиметри. Дополнително, добиваме проширени крила, заштитни плочи под автомобилот, LED осветлување и уште многу други оф-роуд модификации.

Визуелно, Ateca All-Terrain добива заден спојлер и уште неколку ситни модификации, но нам ни се допаѓа и мат фолијата со која е обвиена, како и заштитните панели кои се офарбани со боја која обично се користи за товарниот дел на пик-ап возила – односно боја која е наменета да издржи вистинска злоупотреба.

Од JE Design кажуваат дека All-Terrain трансформацијата може да се направи кај секоја Ateca, освен кај FR и Cupra верзиите.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.