Fostla.de го претстави нивниот тјунинг пакет за Audi Q7 V12 TDI, кој му дава помрачен изглед и подобри перформанси.
Q7 V12 TDI е значаен автомобил бидејќи е единственото патничко возило со V12 дизел мотор на планетава. Неговиот 6.0-литарски мотор произведува 500 коњски сили и 1,000 Nm, а забрзува од 0-100 км/ч за 5.5 секунди.
Fostla ја обложи каросеријата на овој Q7 со мат црна фолија и му додаде 23-инчни Mansory C5 бандажи обвиени во гуми со профил 315/25R-23. Покрај каросеријата, со фолија се затемнети стаклата и светлата. Направена е и софтверска надоградба на компјутерот на возилото па сега максималната сила изнесува 600 коњски сили и 1,150 Nm вртежен момент.