ПРЕМИЕРА: McLaren 720S Spider – 710 коњски сили и „стотка“ за 2.9 секунди под отворено небо – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: McLaren 720S Spider – 710 коњски сили и „стотка“ за 2.9 секунди под отворено небо

Сакате супер-спортско задоволство во кабриолет? Тука е новиот McLaren 720S Spider кој е конструиран да го понуди токму тоа!

Супер-спортскиот кабриолет тежи 1332 килограми и го користи истиот 4-литарски твин-турбо V8 како и купето, кој пак нуди 720 коњски сили и 770 Nm вртежен момент. Оваа комбинација му овозможува на 720S Spider да забрза до 100 километри на час за 2.9 секунди, до 200 километри на час за само 7.9 секунди и да постигне максимална брзина од 341 километар на час – односно „само “ 325 километри на час со спуштен кров.

Инаку, кровот е изработен од карбон и е „кров кој најбрзо се отвора во суперкар-класата“ – тој може да се отвори или затвори за само 11 секунди, и тоа при брзини до 50 километри на час. Поработено е на активната аеродинамика за да не се нарушат перформансите во зависност од тоа дали кровот е отворен или затворен. Кабриолетот добива и уникатни 19 и 20-инчни тркала обвиени во Pirelli P Zero или P Zero Corsa пневматици.

Интересен новитет е електрохроматското стакло во кровот, кое само со допирање на копче може да се „затемни“ или да стане транспарентно. При гасење на моторот, стаклото автоматски се затемнува.

Нарачките се веќе отворени, а сето ова е достапно за цена од „само“ 273.000 Евра во Германија. Побрзајте, да не снема!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.