Koenigsegg претстави Regera од „гол карбон“ – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Koenigsegg претстави Regera од „гол карбон“

Има нешто особено секси кај таканаречениот „гол карбон“ – карбон кој не е покриен со никаков лак.

Мајсторите од Koenigsegg навистина посветиле внимание на голиот карбон кај специјалната изведба на Regera – карбонот е полиран рачно и на него нема никаков лак или некаков друг слој кој би го зголемил сјајот. Од Koenigsegg кажуваат дека „дури еден потег повеќе од потребно ќе ја уништи видливата плетка на карбонските влакна.“

Интересно, од Koenigsegg додаваат дека сега Regera е ладна на допир, бидејќи луѓето ќе допрат чист карбон, наместо слој епокси или лак. Дополнително, голиот карбон е изненадувачки издржлив и отпорен на елементите – примероци од голиот карбон биле оставени на сонце за време на летните горештини и на екстремно ладни и мокри услови во зима, и тоа неколку години – и немале никакви оштетувања. Дополнително, автомобилот тежи цели 20 килограми помалку, и е далеку помалку осетлив на ситни гребаници и удари од ситни камчиња.

Плус, изгледа многу кул, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.