Mercedes-AMG GT R Pro – Уште повеќе суфикси за новиот знаменосец на AMG GT моделите – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-AMG GT R Pro – Уште повеќе суфикси за новиот знаменосец на AMG GT моделите

Како и „обичниот“ AMG GT, новиот модел со ознаката Pro располага со 585 коњски сили благодарение на 4-литарскиот твин-турбо V8, но сега многу повеќе внимание е посветено на деталите наменети за тркачката патека.

Mercedes-AMG GT R Pro се издвојува преку суспензијата, лесните материјали, аеродинамиката и изгледот. Новитетите започнуваат со нова суспензија чии карактеристики можат да се прилагодат директно од кабината. Дополнително се додадени карбонски елементи во суспензијата. AMG GT R Pro стандардно ќе доаѓа и со карбон-керамички сопирачки, како и супер-лесни AMG Performance ковани тркала.

Аеродинамиката е подобрена преку нов преден низок спојлер кој има и карбонски „крилца“. Крилата имаат и посебни отвори за воздух, а задниот дел добива понагласен спојлер. Дел од пакетот се и Carbon пакети кои додаваат карбонски заден спојлер, карбонси странични ретровизори и заден дифузер.

Како што напоменавме, AMG GT R Pro го користи истиот твин-турбо V8 кој испорачува 585 коњски сили и 700 Nm вртежен момент.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.