Денес во АВТОбиографија зборуваме со Блажо – човек кој за себе кажува дека е фанатично вљубен во автомобилите и кој има многу кул тркачко Peugeot 106 Rallye!
Здраво Блажо! Ти благодариме за одвоеното време – и ајде веднаш да започнеме. Кажи ни нешто за себе!
Здраво, се викам Блажо Симоновски, и сум фанатичен вљубеник во автомобили, но и сè што е поврзано со адреналински спортови.
Раскажи ни ја приказната за твоето Peugeot 106, како стигна овој автомобил кај тебе? Што те привлече токму кон Peugeot 106 Rallye?
Од легендарното Peugeot управување, па сè до натпреварувачките 106-ки во Македонскиот шампионат во 90тите.. Има многу причини! Инаку колата ми е подарок за кумство од најдобриот пријател, со напомена да го спремам за на стаза.
Какви модификации има претрпено досега?
Колата е во крајна фаза на подготовка за натпревари во авто-мото спорт, што значи многу олеснето, посилен мотор, кочници, спортски пневматиции и бандажи, издувен лонец, многу долга е листата…
Кои се плановите за твоето Peugeot 106 во иднина?
Да се натпреварува во Македонскиот шампионат во ридско-брзинска категорија, понатаму ќе видиме…
Ти благодариме уште еднаш!
Ви благодарам и јас за отстапениот простор, се гледаме по трки и собири!