Утринска Гимнастика: Напредниот систем за активна аеродинамика на Lamborghini Aventador SVJ – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Напредниот систем за активна аеродинамика на Lamborghini Aventador SVJ

Lamborghini го претстави функционирањето на софистицираниот систем за активна аеродинамика, кој му помогна на Aventador SVJ да постави нов рекорд на Нирбургринг.

Во зависност од поставеноста на аеродинамичните крила, автомобилите можат да имаат помал коефициент на отпор, кој ќе им овозможи полесно пробивање низ воздухот при високи брзини или поголема потисна сила за подобар контакт со подлогата, што резултира со можност за поголема брзина во свиоци. Со системот ALA 2.0 Lamborghini го унапредува ова едно ниво погоре, делувајќи на различни страни со различен ефект.

Како тоа всушност изгледа погледнете во видеото подоле!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.