ПАРИЗ 2018: Што планира Renault со електричниот K-ZE? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПАРИЗ 2018: Што планира Renault со електричниот K-ZE?

Renault не разочарува на домашен терен – на овогодинешниот авто-саем во Париз, францускиот производител ја претстави електричната верзија на Renault Kwid.

Малиот Kwid е всушност „мал автомобил со повисока суспензија“ наменет за индискиот пазар. Целосно електричната верзија која може да се види на штандот на Renault се нарекува K-ZE, или Kwid – Zero Emissions.

Иако немаме потврдени информации за моќта на електричниот мотор, нити пак капацитетот на батериите, производителот вели дека K-ZE ќе може да измине околу 250 километри според NEDC тестот кој по природа е оптимистички. Според новиот, пореален WLTP тест, бројката опаѓа на околу 190 километри на едно полнење. Доколку Renault навистина се реши на сериско производство, голема е веројатноста малиот Kwid – Zero Emissions да се нуди само на индискиот пазар.

Концептот ја задржува основната форма на својот бензински брат, но забележуваме нови дизајнерски елементи како од напред, така и од назад. LED технологијата преовладува во осветлувањето, и комбинирана со навистина огромните тркала за оваа големина на возило, K-ZE добива модерен, впечатлив изглед. Во однос на опременоста, оваа верзија ги добива сите „играчки“ кои се наоѓаат во најдобро опремениот (и најскап) Kwid – задна камера, централен екран на допир и навигација, меѓу другото.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.