Иако името е Concept, ова е всушност автомобил кој можете самите да го нарачате кога ќе го специфицирате вашиот Hyundai i30 N.
N Option платформата им овозможува на купувачите на i30 N дополнително да го опремат и персонализираат својот хечбек. Прикажаниот автомобил има не помалку од 25 различни додатоци, кои вклучуваат 20-инчни тркала обвиени во полу-мазни гуми, карбонски поклопец на моторот и карбонски спојлер, четири завршетоци на издувниот систем, додека кабината добива детали од карбон, управувач обвиен во алкантара, спортски педали и други ситници.
Со оваа можност за персонализација, желбата на Hyundai е „не само да ја растресеме конкуренцијата, туку да донесеме уште повеќе перформанси и емоции за нашите купувачи“ – според подпретседателот на Hyundai, Tomas Schemera.