Францускиот бренд најави несекојдневен концепт кој ќе го претстави да домашен терен – дали е најава за 508 Coupe?
На едната (прилично темна) фотографија која пристигна од Peugeot не можеме да препознаеме премногу детали – но забележуваме интересен, аглест дизајн кој наликува на оној кај новиот 508. Новиот 508 веќе го познаваме, бидејќи го возевме на интернационалната презентација во Монако, па сеќавањата на францускиот автомобил ни се свежи.
Во секој случај, не би биле изненадени доколку Peugeot претстави некаква интересна купе-варијанта на 508. Peugeot во 60-тите години на минатиот век имаше 504 Coupe, па ова би било интересно продолжување на таа лоза. Сега за сега немаме ниту име за концептот, но според Jean-Philippe Imparato кој е на чело на Peugeot брендот, концептот „го направил да се чувствува како дете“ и дека автомобилот е резултат на „двегодишна макотрпна работа.“
Концептот ќе биде официјално претставен на почетокот на Октомври.