Цените на бензините и дизелот се зголемуваат за меѓу 0.5 и 1.50 денари.
Во согласност со методологијата за пресметка на цените, Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи дека од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата ќе се зголемат за 1.58 проценти.
Преведено, тоа значи дека цената на ЕУРОСУПЕР-95 ќе се зголеми за 0.50 денари, и еден литар од овој бензин ќе чини 72.50 денари.
Цената на ЕУРОСУПЕР-98 останува иста, и еден литар „98-ца“ ќе продолжи да чини 74.00 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за денар и половина и од вечерва на полноќ еден литар дизел гориво ќе чини 66.00 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.