Започна производството на електричниот Audi e-Tron SUV – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Започна производството на електричниот Audi e-Tron SUV

Audi се подготвува за светската премиера на новиот e-Tron во Сан Франциско, но производството на првиот електричен SUV на германскиот премиум бренд веќе започна.

„Audi самиот разви многу системи и се подготви за e-tron – и не само тоа, туку ние самите ги развивме и батериите како и погонот. Нашите вработени ги обмислија, испланираа и имплементираа многу од фазите за производство“ – изјави Patrick Danau, управниот директор на Audi Brussels, каде ќе произведува новиот Audi e-tron. Трансформацијата на овој производствен погон започна уште пред две години, а фабриката има нов оддел за каросерии и фарбање, линија за производство како и систем за произведување на батериите.

Audi e-tron ќе биде официјално претставен на 17ти Септември во Сан Франциско, но првите примероци веќе ја напуштаат производната лента. Некои од првите примероци се во Misano Red црвена боја и се подготвени – а новиот e-tron со себе носи многу нови технологии, меѓу кои и систем за брзо полнење од 150 kW кој овозможува повторно тргнување на пат за само 30-тина минути.

„e-tron ги нуди најновите и најмодерни технологии, а тука ги вбројуваме и вирутелните странични ретровизори и уште многу други детали кои наскоро ќе ги објавиме. Секако, многу сме горди и на нашата фабрика во Brussels – ова е првата карбон-неутрална фабрика во премиум сегментот“ – додаде Patrick Danau.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.