Регулаторна – Цените на горивата се зголемуваат за денар, односно денар и половина. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Регулаторна – Цените на горивата се зголемуваат за денар, односно денар и половина.

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи повторно да ги зголеми цените на горивата.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 2.33%.

Преведено во цени, тоа значи дека цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 1 денар, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 72 денари.

Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се зголемуваат за денар и половина. Еден литар 98-октански бензин ќе чини 74 денари, додека еден литар дизел гориво ќе чини 64.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.