Volkswagen продолжува да го најавува новиот T-Cross – кој самиот кажува дека е кул – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen продолжува да го најавува новиот T-Cross – кој самиот кажува дека е кул

Новиот T-Cross компактен кросовер на Volkswagen ќе биде претставен наскоро, а германскиот бренд забрзано го промовира како урбан и кул автомобил.

T-Cross ќе започне да се продава на почетокот на следната година, и ќе биде компактен кросовер во вистинската смисла на зборот. Малиот урбан кросовер на Volkswagen ќе се нуди само со погон на предните тркала, но купувачите ќе можат да го комбинираат со неколку различни мотори и со мануелен или автоматски менувач.

На најновото видео можеме да ја видиме силуетата на T-Cross, но уште повеќе дознаваме и од неколкуте објавени скици. T-Cross ќе се впушти во сегмент каде конкуренцијата доаѓа како од сестринските брендови, така и од директните европски и азиски конкуренти – а сето тоа значи дека борбата нема да биде лесна.

T-Cross се очекува да биде претставен на саемот на автомобили во Париз, каде ќе бидат објавени сите детали.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.