На помалку од една седмица пред официјалната премиера, протекоа првите официјални фотографии од новиот баварски роудстер – BMW Z4!
На фотографиите се забележува моделот кој ќе ја носи ознаката Z4 M40i, и можеме да забележиме дека серискиот автомобил ги следи насоките кои BMW ги постави со претставените концепти. Она што го добиваме е дооооолг преден дел, кабина и краток, спортски заден дел.
Z4 M40i добива спортски детали насекаде – отворите во задниот браник и интегрираниот спојлер изгледаат особено интересно, а навистина ни се допаѓаат и задните светла. Спортскиот ентериер добива и многу, многу технологии – меѓу кои и целосно-дигитален панел со инструменти, можност за безжично полнење мобилни уреди, USB поврзување и уште многу други ситници.
Сега за сега не знаеме премногу за моторите – но според некои гласини, токму моделот со ознака Z4 M40i би требало да добие нов шест-цилиндерски мотор кој ќе испорачува околу 385 коњски сили.
Официјалната премиера е закажана за 23ти Август, кога ќе ги имаме сите информации.