И Audi се подготвува за Wörthersee во Австрија! Таму ќе видиме неколку концепти базирани на Audi Q3, но и нивниот e-bike!
На овогодинашнот настан, Audi планира да прикаже три концептни верзии од компактниот кросовер Q3 заедно со нивниот e-bike Wörthersee прототип.
Аudi-евиот велосипед прототип, е-bike, е футуристичка студија со големи 26-инчни тркала направени од јаглеродни влакна што ги прави да тежат само 600 грама и ултра лесна карбонска рамка која достигнува тежина од импресивно ниски 1,600 грама. Велосипедот може да се вози на педали, на електричен мотор кој произведува 3 коњски сили и 250 Nm, или пак во комбинација од двете.
Литиум јонската батерија тежи 5 килограми и е сместена во рамката. Нејзиниот капацитет е 530 ват часа и може да се наполни целосно на 230 волтен извор за само два и пол часа. Целиот велосипед заедно со батеријата тежи 21 килограм, а може да достигне максимална брзина од 80 километри на час.
Од одделот за автомобили, трите Q3 студии кои Audi ќе ги изложи се Red Track, попознат како Vail Concept од саемот во Detroit, 335 коњскиот Q3 RS и Jinlong Yufeng кој беше изложен на саемот во Пекинг. Исто така ќе бидат прикажани 16 продукциски модели од нивната палета на модели како новиот А3, S6 и A1 Quattro, заедно со TT RS.