ИСТРАЖУВАЊЕ: SUV моделите се до три пати поопасни по пешаците од обичните автомобили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ИСТРАЖУВАЊЕ: SUV моделите се до три пати поопасни по пешаците од обичните автомобили!

Ново истражување направено во САД кажува дека SUV моделите се значително поопасни по животите на пешаците од обичните автомобили!

Според истражувањето направено од страна на Detroit Free Press и USA Today Network, SUV моделите и популарните-во-Америка „Камиони“ се два до три пати поопасни по животите на пешаците. Дополнително, според нив – државните институции веќе со години знаат за ова, но „направиле многу малку за да ја намалат смртноста и да ја запознаат јавноста со опасностите.“

Статистиките за смрност во Америка кажуваат дека на смртноста кај пешаците е зголемена за дури 46% од 2009-тата година па наваму, и дека токму SUV моделите се виновни за ова зголемување. Според статистиките, околу 6000 пешаци гинат годишно на американските улици. Секако, најголем број од несаканите случки се случуваат во големите градови – најнебезбеден е Детроит, а меѓу другите најнебезбедни градови се истакнуваат Њуарк, Мајами, Тампа, Сент Луис и Феникс.

Истражувањето ова го објаснува со повисокиот преден дел кај SUV моделите – контактот кој пешакот ќе го има со возилото во случај на незгода е поопасен и посмртоносен. Сепак, не се обвинуваат само возилата – истражувањето зема во предвид и други фактори. Се истакнуваат алкохолизираност кај пешаците, невнимание заради користење мобилен телефон при одење, и слични ситуации.

Во секој случај, ова е интересно истражување. Со растечката популарност на разно-разните SUV модели, дали е ова еден нус-ефект кој производителите не го размислиле доволно?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.