Задолжен за перформансите на 600LT е 3.8-литарски твин-турво V8 кој испорачува 600 коњски сили, додека тежината е намалена за цели 96 килограми!
Легендарниот McLaren F1 GTR Longtail, но и поновиот 675 LT беа одлична инспирација за новиот 600LT. Според McLaren, 600LT е направен да биде исклучителен како на тркачките патеки, така и на улиците.
„Новиот McLaren 600LT е четвртиот Longtail модел на McLaren во повеќе од две децении. Ја продолжуваме супер-специјалната LT фамилија во ограничени бројки, но повторно демонстрираме како оптимизираната аеродинамика, зголемената моќност и намалената тежина можат да го подобрат искуството зад управувачот.“
600LT е цели 74 милиметри подолг од стандардниот 570S. Дополнително, благодарение на супер-лесни карбонски делови од каросеријата тежината е намалена за цели 96 килограми, а 3.8-литарскиот твин-турбо V8 е доработен да испорачува 600 коњски сили и 620 Nm вртежен момент. Сето тоа резултира со подобри перформанси, но и подобра управливост.
Преработени се и сопирачките и суспензијата, специјални се и Pirelli P Zero Trofeo R пневматиците, а кабиината добива карбонски тркачки седишта и уште многу други ситници. Одличен пакет!