Целата гама на SUV модели на Opel претставена во Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Целата гама на SUV модели на Opel претставена во Македонија

X-гамата на Opel – во која се вбројуваат Mokka X, Crossland X и Grandland X – вчеравечер беше претставена на во Македонија.

Со оглед на растечката продажба на SUV-сегментот, сосем е очекувано гамата на вакви возила на секој производител да расте и да биде соодветно промовирана. Токму затоа, целата X-гама на Opel вчеравечер беше промовирана пред македонската јавност.

Понудата на SUV модели на Opel започнува со Mokka X – модел кој не е нов, но пред околу една година беше освежен и доведен во линија со поновите модели на брендот. Интересно е што само Mokka X може да се добие со погон на сите четири тркала.

Чекор над Mokka X е Crossland X – компактниот кросовер кој ја погодува „златната средина“ во однос на димензиите. На самиот врв е – секако – големиот Grandland X кој нуди највеќе простор од сите понудени модели.

Во зависност од избраниот модел, купувачите можат да одберат меѓу докажани турбо-бензински и турбодизел мотори, а најавена е и соодветна електрификација на X-гамата со воведување на хибридни верзии кои во следните неколку години треба да пристигнат на пазарот. Секако, Opel е во фаза на значителна трансформација – и веќе најавуваат навлегување на пазари каде моделите на Opel досега не се продавале.

Opel Mokka X, Crossland X и Grandland X се веќе достапни за македонските купувачи.

Галерија



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.