ГАЛЕРИЈА: 8-ми Роденден на Буба Клуб Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ГАЛЕРИЈА: 8-ми Роденден на Буба Клуб Македонија

Нашите пријатели од Буба Клуб Македонија денес го прославија својот 8-ми роденден – погледнете дел од атмосферата!

Легендарната Volkswagen Буба има свои вљубеници и во Македонија, а денес еден од најактивните автомобилски клубови во Македонија – Буба Клуб Македонија го прослави својот 8-ми роденден.

На мало дружење во Скопје, членовите на клубот, но и неколку нивни пријатели од земјава и од соседството го одбележаа јубилејот. Претседателот на клубот најави дека во план е уште поинтензивно дружење и учествување на многу повеќе настани како во Македонија, така и надвор од нашата земја, а се пофалија дека можат да се носат и рамо до рамо со многу други фан-клубови на легендарната Буба.

Им посакуваме уште многу, многу родендени!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.