Виктор Чемериќич е млад фотограф од Скопје кој од неодамна посериозно се занимава со автомобилска фотографија – па решивме да ви покажеме дел од неговите фотографии!
Секогаш сакаме да ги поддржиме младите ентузијасти кои на овој или оној начин се занимаваат со автомобили – па токму затоа денес ги претставуваме автомобилските фотографии на Виктор Чемерикиќ.
Виктор има 21 година и во моментов студира на Факулетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство. Самиот кажува дека аматерски се занимава со автомобилска фотографија веќе една година, и дека сака и понатаму да ги усовршува своите техники и познавања. Сега за сега – добро му оди!
Нема да должиме многу – само ќе препорачаме да го следите Виктор на Instagram на неговиот профил @cars_vphotography – и секако, уживајте во галеријата!