Hartge BMW 116i – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hartge BMW 116i

Hartge го претстави тјунинг пакетот за основниот бензински модел од новата BMW серија 1, 116i.

Неговиот 1.6 литарски четири цилиндричен бензинец е засилен од неговите фабрички 136 кс и 220 Nm вртежен момент на 171 кс и 265 Nm. Нема официјални податоци за забрзувањето од 0-100 км/ч, но наведено е дека забрзувањето од 80-180 км/ч е намалено за 7 секунди, додека максималната брзина останува иста.

Покрај ова, пакетот се состои и од подобрена суспензија така што автомобилот сега е понизок за 30 мм во однос на фабричкиот примерок, а можат да се забележат и новите 19 инчни алуминиумски бандажи, издувни цевки, како и алуминиумски педали.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.