Женева 2018: Премиера на Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe – до 630 коњски сили и врвни перформанси! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Женева 2018: Премиера на Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe – до 630 коњски сили и врвни перформанси!

„Поголемиот“ брат на Mercedes-AMG GT конечно ја доживеа својата премиера во Женева, и ќе се нуди во неколку различни изведби – од 435 па сè до 630 коњски сили!

Најновиот член на Mercedes-AMG семејството ќе може да се добие во три варијанти. На самиот старт ќе се нуди GT 53 4Matic+, GT 63 4MATIC+ и врвниот GT 63 S 4MATIC+. Погодувате, сите верзии имаат погон на сите четири тркала.

„Основната“ верзија е придвижувана од неодамна-претставената хибридна комбинација која комбинира 3-литарски линиски шест-цилиндерски турбо-бензинец со електромотор за вкупна системска моќност од 435 коњски сили. Спринтот до 100 километри на час трае 4.5 секунди, а максималната брзина е 285 километри на час.

Над оваа верзија се full-fat V8 верзиите во форма на GT 63 и GT 63 S. „Послабата“ верзија располага со 585 коњски сили и 800 Nm вртежен момент и забрзува до 100 километри на час а 3.4 секунди и постигнува 310 километри на час. Најмоќниот Mercedes-AMG GT 63 S 4MATIC+ има 630 коњски сили и 900 Nm вртежен момент – и катапултира „до стотка“ за 4.2 секунди, а постигнува максимални 315 километри на час.

53-моделот се комбинира со автоматски TCT менувач со 9 брзини, додека Шеесетитројките се комбинираат со побрз, MCT автоматски менувач со 9 брзини. V8 верзиите добиваат и нова возудшна суспензија, како и управување на задната оска. Обете работи се достапни и кај основниот модел, но како дополнителна опрема.

Новиот Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe ќе започне да се продава ова лето.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.