Како би можел да изгледа Audi RS3 Coupe? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Како би можел да изгледа Audi RS3 Coupe?

Audi RS3 Sportback моментално го завзема врвот во понудата на A3 и ќе биде таму се додека не биде претставен новиот модел на MQB платформата.

Сепак, уметникот Theophilus Chin отиде неколку чекори понапред и презентираше можен изглед со некои детали земени од A1 Quattro и RS Q3 Concept. Оваа концептна скица располага со мрежеста решетка и отвори за воздух кои во голема мера потсетуваат на RS моделите. Боди китот се состои од пошироки лакови на тркалата, странични прагови и заден браник со интегриран дифузер и две големи кружни издувни цевки.

Под хаубата, Audi RS3 се зборува дека ќе го користи истиот пет-цилиндричен мотор се наоѓа во сегашниот RS3 Sportback, но овој пат засилен на 350 коњски сили.

Нема потврдени планови за следна генерација на RS3 и ако се земе во предвид дека претходниот модел беше лансиран цели осум години по појавувањето на А3, би можеле да чекаме да се појават некаде при крајот на оваа декада.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.