Со новиот UX Lexus ќе понуди помал кросовер од NX, а со тоа ќе се обиде да привлече сосем нова група на купувачи.
Новиот Lexus UX ќе дебитира во Женева, а од јапонскиот луксузен бренд го најавуваат како „урбан компактен кросовер.“ Со UX, Lexus ќе се бори со компактните германски ривали кои се веќе добро етаблирани на стариот континент.
Сепак, Lexus ќе настапи со добро-познатите квалитети – интересен и несекојдневен дизајн, висока технологија и беспрекорен квалитет. Сигурни сме дека најзабележителен аргумент ќе биде токму дизајнот, но интересно е дека UX ќе биде поставен на нова платформа. Од Lexus кажуваат дека „целосно-новата платформа му дава на UX исклучителна цврстина и ниска точка на гравитација – аргументи кои резултираат со агилно управување како на хечбек.“
Lexus UX беше за прв пат претставен во концептна форма, а официјалното деби на серискиот модел е закажано за 6ти Март – уште малку!