28 дена неодолива понуда од Peugeot! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

28 дена неодолива понуда од Peugeot!

Нашите пријатели од Peugeot ги информираат своите потенцијални клиенти дека овој месец е во тек акција за возила кои се достапни веднаш, по навистина привлечни цени!


Во акција која трае само во месец февруари, сите заинтересирани клиенти можат да ја искористат оваа неодолива понуда и да купат Peugeot возило од лагер! Клиентите можат да изберат помеѓу Peugeot 208, 308, 301, 508, 2008 и 3008 па дури и дел од товарната гама по неодоливи цени!

Сè што треба да направат е да се обратат во еден од двата продажни салони на Еуроимпекс Генералиот увозник на Peugeot или кај овластената дилерска мрежа во Скопје, Тетово, Штип и Гевгелија, каде ќе бидат целосно запознаени со понудите – моделите, техничките карактеристики, моторите, цените како и богатата опрема со која располагаат моделите на Peugeot.

Секако, на клиентите им е овозможено и бесплатно тест возење на Peugeot моделите, кое можат уште веднаш да го закажат на веб страната на Peugeot.

Без разлика дали станува збор за мали градски автомобили или големи претставници на SUV гамата, Еуроимпекс има соодветна понуда за да ги задоволи барањата дури и на најпребирливите клиенти. Дозволете да бидете заведени од софистициран дизајн и современа елеганција. Возила со изграден карактер кои истакнуваат моќ, ефикасност како и грижа за околината. Интуитивни, иновативни, ергономични и комфорни, пружаат максимална контрола зад управувачот.

Еуроимпекс – Генерален увозник на Peugeot за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија – повикува на брза реакција од страна на сите заинтересирани, бидејќи при оваа понуда, количините се ограничени.

Извор: PR Peugeot



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.