Магазинот Motor1 ја улови следната генерација на Ford Focus со многубојна камуфлажа, која речиси целосно ја открива формата на хечбекот.
Новиот Focus доаѓа со поиздолжен поклопец на моторот и кабина која е повлечена наназад, а задниот дел завршува со позакосено стакло. Над тркалата се забележуваат понабабрени странични крила кои му даваат поизразени облини на автомобилот.
На предниот дел се истакнуваат нови LED светлосни групи со подинамична и поостра форма, како и поскулптуриран поклопец на моторот. Решетката е слична на онаа на актуелниот модел, но е порасната во големина и поместена малку пониско, со цел да биде поодделена од светлата.
Се чини дека целиот автомобил е малку поголем од сегашниот Focus. Во внатрешноста, тоа растење ќе резултира со поголем простор за пожестоко да се натпреварува со Honda Civic и Volkswagen Golf. Покрај зголемувањето на димензиите, се очекува и значително подобрување на квалитетот на материјалите.
Комплетната палета на мотори не е сеуште објавена, но се очекува тука да биде вклучен 1.5-литарски три-цилиндарски турбо-мотор во повеќе варијанти. Во понуда ќе се најде автоматски менувач со двојна спојка, а секако моделот ќе може да се добие и со мануелен менувач.
Се очекува Ford да го претстави новиот Focus на почетокот на 2018 година.