Видео: Koenigsegg Agera RS го подобри својот рекорд за 0-400-0 км/ч! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Видео: Koenigsegg Agera RS го подобри својот рекорд за 0-400-0 км/ч!

Покрај поставувањето на нов брзински рекорд за сериски автомобил, Koenigsegg Agera RS го подобри и својот рекорд за 0-400-0 км/ч во истиот викенд.

Пред еден месец, Шведскиот бренд го совлада 0-400-0 км/ч рекордот на Bugatti Chiron за шест секунди, со време од 36.44 секунди. Незадоволни од поставеното време поради проблеми со пролизгување на пневматиците при забрзувањето, Koenigsegg направија нов обид.

Настапувајќи на перфектно мазен, сув и прав пат во Невада, Agera RS го подобри својот рекорд, комплетирајќи го целото забрзување и стопирање за само 33.29 секунди. Тоа време е за околу 20 проценти побрзо од она што Bugatti го има постигнато.

Она што е уште поневеројатно е дека според зборовите на вработените во Koenigsegg, новиот модел Regera ќе може да го направи 0-400-0 км/ч подвигот за помалку од 30 секунди. Односно, производителот вели дека Regera ќе може да забрза од 0-400 км/ч за 20 секунди, речиси четири секунди побрзо од Agera RS.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.