За жал, овогодинешната трка ја одбележа немил настан, но сепак ќе ви пренесеме галерија од фотографии од денешната трка и се надеваме дека случувањата нема да бидат фактор за демотивација за организирање трки во иднина!
Во денешниот немил настан кој се случи на Скопје Круг 2017 беа повреден организаторот на трката Александар Димушевски и возачот Урош Бркиќ. Несреќата се случи кога заради технички проблем, Бркиќ изгуби контрола врз своето возило Honda Civic и удри во Димушевски. Обајцата се пренесени во болница и веќе имаме информации дека и покрај повредите, прогнозите се позитивни. Им посакуваме брзо и целосно закрепнување, а во меѓувреме ви пренесуваме наша галерија на фотографии.