Се појавија првите скици од наследникот на успешниот теренец на Volvo – XC90!
Според некои информации, би требало да го очекуваме наследникот на XC90 дури во 2014-тата година, но скиците кои се појавија сугерираат веќе убаво дефиниран дизајн и интересна дизајнерска насока. Очигледно е дека Concept You кој Volvo неодамна го покажа на авто-салонот во Франкфурт имал силно влијание на дизајнот. Нам ни изгледа одлично, останува само да го чекаме серискиот модел!