KIA подготвува спектакуларен концепт за Франкфурт! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

KIA подготвува спектакуларен концепт за Франкфурт!

Со новиот Proceed концепт, KIA најавува сосем ново размислување во сегментот – концептот кој ќе го претстави во Франкфурт ја најавува следната генерација на Cee’d!

Концептот кој е дизајниран во Европа, според KIA е првиот „extended hot hatch“ – односно продолжен хечбек. Можеби не би се согласиле со таа идеја, но мораме да признаеме дека изгледа навистина одлично! Широката и ниска силуета најавува спортска динамичност, а концептот е поставен на големи, 20-инчни тркала кои дополнително го истакнуваат ставот на автомобилот.

Автомобилот влече инспирација од новиот KIA Stinger, но со многу уникатни детали. Lava Red бојата која ја носи концептот е еден од најпривлечните моменти, и со нетрпение очекуваме официјални фотографии, па и сериски модел базиран на тоа што ќе го видиме во Франкфурт!

На фотографиите не можеме да видиме премногу – гледаме дека концептот има измазнети рачки на вратите, скриени странични ретровизори (кои најверојатно користат камери и монитори внатре во кабината) и широка задна светлосна група. Плус – тркалата изгледаат вонземски добро!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.