Од вечерва на полноќ цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за половина денар, а цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата остануваат непроменети.
Во согласност со методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 0.25%.
Според одлуката на РКЕ, цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата остануваат непроменети, и еден литар од овие горива ќе чини 62.00, односно 48.00 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 0.50 денари, и еден литар 98-октански бензин ќе чини 64.00 денари.
Измените стапуваат на сила вечерва на полноќ.